четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Познати имињата на советниците: Еве кои лица ги вработи Пендаровски во својот кабинет

Познати имињата на советниците: Еве кои лица ги вработи Пендаровски во својот кабинет

Новиот претседател Стево Пендаровски, го комплетираше составот на својот кабинет.

Според информациите на ТЕЛМА од кабинетот на Пендаровски, Блерим Кољари ќе биде советник за национална безбедност, Александар Спасов како надворешен консултант ќе ја врши функцијата на советник за внатрешна и надворешна политика.

-Шеф на кабинетот на претседателот Пендаровски ќе биде Миле Бошњаковски, кој на таа функција доаѓа од местото портпарол на влада, додека шеф на протокол ќе биде Билјана Мицевска. Како советници во кабинетот потврдени се Тоше Зафиров, Љуљета Адеми и Гоце Карајанов. Новинарката Катерина Цаневска ќе биде одговорна за односи со јавноста, објавува телевизијата.

Надворешни советници ќе бидат поранешните шефови на дипломатија, Александар Димитров и Денко Малески и поранешниот амбасадор во Австрија, Сашо Тавчиовски.

-Надворешни советници за правни работи ќе бидат и професорката Беса Арифи и поранешата судијка во Судот за човекови права во Стразбур, Мирјана Лазаревска Трајковска, објави Телма.

Најнови вести