Државниот санитарен и здравствен инспекторат го соопшти името на ординацијата каде што му била извршена интервенција на 29 годишно момче кое што вчера почина во Градската општа болница„ 8 Септември“. Станува збор за ПЗУ „Јанита“ која се наоѓа во општина Тафталиџе. Иамето на втората каде што лекарот изнајмил операциона сала се уште не се соопштува бидејќи таму, се уште трае инспекцискиот надзор.
-Се работи за ПЗУ „Јанита“, а лекарот кој што ја извршил интервенцијата е Звонко Николовски, специјалист по општа хирургија. Тој за да ја изврши интервенцијата изнајмил операциона сала во друга приватна здравствена установа, каде што се уште трае инспекцискиот надзор и се проверуваат сите документи, изјави за НОВА и Ирина Бухова, директорка на ДЗСИ.
Таму ќе треба да се утврди дали смееле да вршат таква интервенција, каква опрема имаат, со каков кадар располагаат, кога се земени брисеви последен пат од операционата сала.
Неофицијално, лекарот кој што ја извршил интервенцијата на хемороиди, доаѓал дома кај момчето кое после операцијата добило висока температура, за да му дава инфузија.