петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се откочи и ќе продолжи процесот на реформи на јавениот радиодифузен сервис

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: Ќе се откочи и ќе продолжи процесот на реформи на јавениот радиодифузен сервис

Во текот на утрешниот ден во Собранието на Република Македонија ќе продолжи седницата на Комисијата за транспорт, врски и екологија каде на дневен ред е Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги кој е во собрансика процедура од 23.02.2018 година, информираат од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

-На овој начин ќе се откочи и ќе продолжи процесот на реформи на јавениот радиодифузен сервис. Ова е резултат на прифаќањето на одредените забелешки на пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и Коалцијата „За подобра Македонија“ кои ги доставија во однос на овој предлог закон, а кои произлегоа од јавната расправа која се одржа во Собранието од страна на медиумите, здруженијата и медиумските работници, со цел подобрување на законскиот текст. Состојбата во медиумите и нивната независност се основен предуслов за развој на демократија, како и основен предуслов за интеграција на Република Македонија во НАТО и ЕУ. Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата „За подобра Македонија“ како досега така и понатака ќе продолжат активно да работат и да се залагаат за професионален, транспарентен, независен и отчетен јавен радиодифузен сервис и регулаторно тело во областа на аудио и аудиовизуелните медиумски услуги, се наведува во соопштението на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести