четврток, 18. април 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: На клептоманството и лагата во СДСМ им нема крај

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: На клептоманството и лагата во СДСМ им нема крај

На клептоманството и лагата во СДСМ им нема крај. СДСМ, Заев и Филипче не отстапуваат од најголемиот грабеж на народните пари. Најкриминалната влада во Европа предводена од Зоран Заев го подготвува „криминалот на векот“ преку најавата за изградба на фамозниот проект „Нов клинички центар“, реагираат од пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение следува интегрален текст од нивното соопштение:

Овој криминален поход на Заев и бандата околу него ќе ги чини граѓаните половина милијарда евра.

Апсурдот и криминалот да бидат уште поголеми, речиси за идентична изградба на Нов клинички центар, Република Србија ќе потроши околу 125 милиони евра што е за речиси 400 милиони евра поевтино од „проектот“ на Заев и Филипче.

Дополнително, веќе 4-та година по ред ги слушаме Заев и Филипче како ја замајуваат и лажат јавноста дека само што не започнал да се гради новиот клинички центар. Само трупаат и зголемуваат милиони за да ги украдат, а Клиничкиот центар се’уште го нема.

Оттука, со сигурност можеме да кажеме дека „проектот за изградба на Клинички центар“ на Заев и Филипче е меѓу најубавите и најскапите неизградени клинички центри во светот. За ова мораме да им честитаме на СДСМ и Заев. Сепак, ова ќе беше комично, да не беше толку трагично.

На крајот, наместо пратениците од СДСМ и владејачкото мнозинство да го бранат и поддржуваат овој грабеж и милионски криминал, како пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата им порачуваме добро да размислат и да го кренат гласот против овој скандалозен и срамен грабеж на македонските граѓани.

Најнови вести