вторник, 6. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е синоним за лага, Стојаноски во Египет е на службено патување со собраниската делегација

Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ е синоним за лага, Стојаноски во Египет е на службено патување со собраниската делегација

Партијата СДСМ е синоним за лага, манипулација и ширење лажни вести, реагираат од Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ на соопштението од СДСМ.

Во продолжение интегрален текст од реакцијата на Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ:

Денес партијата СДСМ ја потврди добропозната стара народна поговорка „На лагата кратки и се нозете“.

СДСМ се фатени во лага.

Денес СДСМ и нивниот партиски прес центар се обидоа да ја излажат јавноста преку смешно партиско соопштение во кое шират груби лаги и невистини. Но тоа повеќе не поминува, ниту во медиумите, ниту пак кај граѓаните.

Имено, лажните обвинувања на СДСМ дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски е на приватен пат во Египет, се апсолутно неточни и паѓаат во вода.

Видно од приложениот документ „Решение за службено патување“ јасно може да се утврди дека СДСМ безочно лаже.

Прво, видно од документот, решението за ова службено патување е договорено на состанокот на Претседателството на Собранието на 23-ти МАЈ 2022 година, ДВА дена пред пристигнувањето на Предлог буџетот во Собранието.

Второ, на ова службено патување како СОБРАНИСКА ДЕЛЕГАЦИЈА во Египет, видно од документот и фотографијата, учесници се и пратеници од владејачкото мнозинство.

Нагласуваме, потписник на ова Решение за службено патување е нивниот генерален секретар на Собранието, г-ѓа Цветанка Иванова.

Очигледно, власта има сериозно проблеми во комуникацијата и контролата во своите редови.

Оттука, наместо неработниците од СДСМ и владејачкото мнозинство да се занимаваат со вакви смешни и лажни очајнички обиди за дефокус од катастрофата во која што не доведоа, тие најмалку што треба е да се извинат и да ја повлечат оваа вест.

Од друга страна, ги прашуваме, зошто веќе два дена Собранието нема никаква активност? Дали можеби имаат проблем во коалицијата, дали можеби имаат проблем со обезбедување на кворум за работа? Одговорот им е јасен на сите. СДСМ е во паника и хаос.

Очигледно СДСМ не можат ни своите пратеници да ги натераат да дојдат во Собранието, па затоа на секој можен начин вина се обидуваат да најдат во ВМРО-ДПМНЕ.

На крајот, апелираме до СДСМ и нивната ПиАр екипа во иднина повеќе да се концентрираат на своите редови и да се обидат да ја подобрат својата лоша организираност и проблеми во внатрепартиската комуникација. Во спротивно, како денес, секогаш ќе бидат предмет на потсмев и неверување, тои во реакцијата.

Најнови вести