петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничката група нa ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со Прогреснивниот синдикат за образование

Пратеничката група нa ВМРО-ДПМНЕ оствари средба со Прогреснивниот синдикат за образование

Денес во Собранието пратениците на ВМРО ДПМНЕ, членови на Собраниската Комисија за Образование, остварија средба со Прогресивниот синдикат за образование при ССМ во врска со Предлог-законот за наставници и стручни соработници и потребата од негово донесување.

– Како пратеници истакнавме дека се согласуваме со потребата за донесување на Закон за наставници и стручни соработници и се согласивме дека е потребно зголемување на платите во образованието согласно растот на минималната плата. Но, истовремено истакнавме загриженост за делови од Предлог-законот со кој се предвидува дискриминација на сите наставници споредбено со оние кои држат часови според новата концепција во основно образование. Исто така, делот во кој се предвидува трансформација од определено на неопределено време е без соодветна анализа по училишта, паралелки и број на ученици и не го предвидува ризикот од појава на технолошки вишок кај одредени наставници и по одредени наставни предмети, стои во соопштението на Пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ.

Од страна на Прогресивниот синдикат беше предложено за сите спорни членови во законот да се реагира амандмански. Ставот на ВМРО-ДПМНЕ останува дека ова законско решение не е добро и дека не може да биде корегирано со амандмани.

– Потребно е министерот да го повлече предложеното законско решение, да го ревидира со учество на сите чинители, со учество на синдикатот и опозицијата и истото да биде предложено како заедничко ново законско решение кое ќе биде донесено во најкраток можен рок без да се користи како инструмент за политичка пресметка, туку да биде здраво системско решение за квалитетно образование, се додава во соопштението.

Најнови вести