недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста на Македонија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ со честитка до сите граѓани по повод Денот на независноста на Македонија

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за „Обнова на Македонија“ на сите граѓани на Република Македонија им го честита 8-ми Септември, Денот на независноста на Република Македонија.

„Денот на државноста и независноста, 8-ми Септември е денот кога се одбележува раѓањето и се слави опстојувањето на независна и суверена Република Македонија.
На овој голем ден, на 8-ми Септември 1991 година, граѓаните на Репбулика Македонија покажаа храброст и одлучност остварувајќи ја долгогодишната идеја и аманет од нашите предци кои со генерации и генерации живееја со мислата за слободна, независна и суверена Република Македонија.
8-ми Септември е симбол и потсетник на бројни предизвици и премрежја со кои Република Македонија се соочуваше во сите овие години на независност, но и поттик мудро и сплотено да продолжиме понатаму заедно да се бориме со сите идни препреки и проблеми.
Само на тој начин, сплотени, обединети и сложни, ќе успееме да ја зачуваме, одржиме и продолжиме вековната идеја за силна, слободна, суверена и независна Македонија.
Нека ни е честит 8-ми Септември, Денот на независноста !
Нека ни е вечна нашата татковина Република Македонија !“

Најнови вести