Во текот на расправата за гласање доверба на Влада претениците од власта не беа присутни на собраниската седница за расправа и со нивното отсуство не ја бранеа сопствената Влада од гласање на доверба на Владата. Пратениците од власта потребно беше да приствуваат на седницата бидејќи гласањето не е само против. Тие имаа две опции едната за да падне Владата и втората против паѓање на владата. Со присуството на пратениците од власта ќе се слушнеа и аргументите зошто Владата треба да остане.
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски посочи дека ова што се случува е се само не демократија.
-Во текот на вчерашниот ден имавме киднапиран пратеник, одземање на телефони од пратеници, чување на пратеници во одредени простории за да не може да излезат и да комуницираат се доведе до погазување на македонската демократијa, кажа Николоски по напуштање на продолжението на седницата во собранието за гласање доверба на Влада.
Во една демократска земја пратениците на власта би биле присутни во законодавниот дом и би биле во дискусија за одбрана на власта, но во Македонија гледаме дека демоктартијата е погазена со тоа што пратеници се чуваат во простории да немаат никаква комуникација и случај на киднапиран пратеник.
Пратениците од страна на владејачката партија СДСМ иако присутни во Собранието не се појавија на седницата за да ја одбранат својата Влада. Тие излегоа со прес-конференција каде што ја обвинија опозицијата дека опозицијата врши притисок кон пратеникот Кастриот Реџепи.
-Имам обратни информации од она што го споделува опозицијата, а тоа значи дека притисоците кон него, се токму од нив. Очекувам Кастриот Реџепи во следниот период да излезе и токму да каже што е она што му се случувало. Знам дека тој е пратеник кој е за европскиот пат и за европската иднина на државата, рече Jован Митрески на прес-конферецијата во Собранието.