Во текот на денешниот ден пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги продолжија посетите низ населените места низ Македонија во рамки на акцијата „Пратениците со народот“. Од посетите низ целата држава заклучокот е дека со власта на СДСМ се живее тешко и мачно, народот е се посиромашен и потребни се промени.
Пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Ангелина Петкова беше во посета на гевгелиските населени места Моин и Горничет. Последните реализирани проекти во овие места се времето кога ВМРО-ДПМНЕ беше на власт, додека последнве 4 години никој не ги посетил од актуелната власт.
Со доаѓањето на Сдсм на власт е с.Моин е заборавено од локалната власт која им ветуваше многу во 2017 год.,а ништо не исполни. Потребни се промени и затоа во наредниот период граѓаните на с.Моин. во Горничет никој од СДСМ не ги посетил заради неоствареното ветување за изградба на канализациона мрежа која е приоритет во ова преубаво место. Како реален проблем го посочија и проширувањето и реконструкција на патот до с.Горничет, вели Петкова.
Пратеникот Бране Петрушевски го посети Челопек, општина Старо Нагоричане каде вели дека жителите како го посочија игнорантскиот однос на општинските и државните власти.
– Македонија уназадува и се дави во криминал, народот е запоставен и насушно бара промени. Се обврзав дека сите овие разговори никогаш нема да ги заборавам и ќе се борам сите населени места во Македонија да имаат услови за достоинствен живот, истакна Петрушевски.
Пратеничката Ели Панова ги посети жителите на Вељуса каде што вели дека иако ова место е познато по најубавите цреши, оваа година родот беше измрзнат и жителите немаат гаранција од оваа власт дека ќе добијат обесштетување.
Се жалат дека никој од оваа НЕНАРОДНА ВЛАСТ не ни помислува на нив! Се жалат дека ВЕТЕНАТА КАНАЛИЗАЦИЈА уште не е завршена, секаде е раскопано и стои така долго време, шахтите уште не преработиле а се пропаднати оти не се работи квалитетно! Опожарениот ДОМ , ветуван не е направен! СИРОМАШТИЈА ПОГОЛЕМА НИКОГАШ НЕМАЛО, а цените на производите само растат, едвај врзуваат крај со крај,нагласи Панова.
Пратеничката Рашела Мизрахи го посети населеното местро Бардовски каде со жителите разговараа за проблемите со кои се соочуваат, но и за предлози од особено значење како проекти за претстојните избори.
– Народот е разочаран од власта и безрезервно ни ја дава поддршката за промени. Заедно со македонската пролет доаѓа нова надеж, истакна Мизрахи.
Пратеникот Игор Здравковски ги посети Богомила и Ореше, села во срцето на Македонија каде вели дека разговарале со жителите на овие две села за проблемите со кои секојдневно се соочуваат, но исто така и ги слушнавме нивните размислувања за развој на регионот и подобрување на квалитетот на животот на луѓето.
– ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш ги темели своите програми врз основ на реалните проблеми на локалното население, така ќе биде и овој пат. Идеите ќе стигнат од нив, а реализацијата ќе биде наша обврска, потенцира Здравковски.
Пратеникот Златко Пенков ги посети жителите на Пепелиште со кои разговараше за секојдневието,з а се она што значи живот на секој поединец. Огромно незадоволство од начинот на владеење на централната и локалната власт на СДСМ.
– Широките улици останаа неасфалтирани Катастрофално ниски откупни цени на земјоделските производи. Вода за наводнување сеуште нема Човечкиот и интелектуалниот потенцијал во Пепелиште е огромен.Вреден и трудољубив народ.Жителите заслужуваат многу подобар квалитет на живот, вели Пенков.
Пратеничката Дафина Стојаноска имаше средби со жителите на селата Галате и Зубовце, два потшарпланински бисери.
– Како централната, така и локалната власт, изминативе четири години ги имаат избришано од мапата на вложувања, дури и за најосновни човечки потреби. Ги нема ветуваните патишта, канализации и детски игралишта. Овде Македонците се чувствуваат како заборавено гето. Тоа мора да се промени со промената на власта, кога ВМРО-ДПМНЕ по ниеден основ нема да ги дели граѓаните во Република Македонија, рече Стојаноска
Пратеничката Благица Ласовска ги посети село Дорфулија и село Каратманово во општина Лозово, каде најголем дел од жителите се тутунари и клои в ласта излажа и за откупот и за цената на тутунот.
– Незадоволни, разочарани од игрите на владата. Нивите насадени, вода-нема. Мачен е животот на земјоделецот. Потценувањето на оваа мака има цена. Набргу ќе ја видите, вели Ласовска
Пратеничката Велика Стојкова Серафимовска имаше средби со жителите на Долно Соње со кои поразговара за нивните проблеми кои им ги нанесува оваа власт, но како може ВМРО-ДПМНЕ како идна власт да им помогне.
– Како народни пратеници наша обврска и должност е да ги слушаме граѓаните, сите нивни потреби и предлози. Со претседателот на ОК Сопиште, Јане Мицевски денес го посетивме Долно Соње и разговаравме за можностите во руралните средини. Обновата започнува. Граѓаните прашуваат, ВМРО ДПМНЕ одговара!, потенцира Стојкова Серафимовска.