Навистина не е разбирливо зошто пратениците на СДСМ се нервозни за објавените телефонски броеви на социјалните мрежи, велат во партиското соопштение од ВМРО-ДПМНЕ.
Тие телефонски броеви и мобилни апарати им ги плаќа токму народот, истиот народ од кои тие се избрани.
Телефонските броеви на народните избраници не се тајна и треба секој граѓанин да ги има, бидејќи тие седат во Собранието токму заради народот.
Пратениците на СДСМ не треба да бегаат од народот, а особено од прашањата зошто не е објавен протоколот кој министерот за надворешни работи Османи го крие и што содржи тој Протокол и какви гаранции има во предлогот за заштита на македонскиот идентитет, се вели во соопштението на партијата.