вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Празните ветувања на Алаѓозовски: Министерот го фрли во вода и квалитетното издаваштво

Празните ветувања на Алаѓозовски: Министерот го фрли во вода и квалитетното издаваштво

Министерството за култура и министерот Роберт Алаѓозовски со распределбата на средствата за 2018 година покажаа дека немаат врска што е култура, а уште помалку културно наследство на една земја.

Распределувале средства за групи кои не барале пари, ниту имале закажано концерти (значи парите се наменети за нечив џеб), нема пари за кумановските актери, нема пари за Македонската рок енциклопедија за што следеа низа реакции, како на социјалните мрежи, така и официјални дописи.

Сега, незадоволство има и кај Македонската асоцијација на издавачи.

Оттаму реагираат на објавената Годишна програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година во областа на издаваштвото, која беше објавена во саботата на 10 февруари 2018 година.

Македонската асоцијација смета дека недостасува транспарентност и доследност во запазувањето на критериумите за избор на членовите на комисиите, како и конкретни критериуми за бодување на квалитетот на поднесените проекти.

-Сметаме дека оваа Годишна програма промовира нелојална конкуренција зашто се стимулира појава на непознати фирми што на сметка на издавачките куќи со долгогодишно реноме добија повеќе проекти на годишно ниво. Имено, ограничувањето на бројот на поднесени проекти на 10 доведе до формирање нови фирми со дејност издавање книги само за целите на конкурирање на Годишната програма, се вели во соопштението.

Од Асоцијацијата укажуваат дека таквите фирми не можат да приложат соодветна референтна листа на издадени публикации, како доказ за нивното искуство како издавачи.

-На конкурсот се поддржани издавачки куќи што се непознати и што немаат издавачко портфолио (уредувачки тим, дистрибуција, книжарници), и што не се докажани во дејноста, падури и фирми што не се регистрирани за дејности од областа на културата. Компаративно, издавач што посто и повеќе од 10 години има добиено помалку проекти од НОВИТЕ издавачки куќи што се формирани во текот на 2017 година, очигледно со цел да поднесат проекти за финансирање во рамките на Годишната програма, додаваат оттаму.

Во пријавите беа нагласен и општите и посебните приоритети при поддржувањето на проектите од издавачка дејност, како што се, на пример:

-Проекти и книжевни манифестации што придонесуваат за книжевниот и културниот развој во Република Македонија,
-Национални литературни манифестации што придонесуваат за афирмација на домашното литературно творештво,
-Проекти што промовираат литература наменета за деца и млади од автори од Република Македонија итн.

Од приложеното, велат од Асоцијацијата, се гледа дека не е испочитуван ни еден од овие приоритети.

Забележани се низа недоследности, и тоа:

-На ист автор му се одобрени повеќе проекти (како преведувач и како автор, или како преведувач на две дела, и сл.),
-Превод од посреден јазик, и покрај заложбите да не се поддржува ваков превод.
-Поддршка на комерцијални изданија (и покрај нагласувањето од страна на Министерството дека таквите проекти нема да бидат поддржани), односно селективност во поддршката на овие изданија, т.е. одобрени кај одредени издавачи и одбиени кај други, недоволен број поддржана детска литература.

Како заклучок, МАИ констатира дека „Годишната програма за проекти од национален интерес во културата за 2018 година во областа на издаваштвото не го зајакнува издавачкиот сектор и не промовира развојна дејноста, туку преку низа ограничувања поттикнува нелојална конкуренција и не гарантира квалитетна реализација на поддржаните дела и нивна достапност до читателите. И покрај позитивните напори и најави дека овој конкурс конечно ќе ги земе предвид забелешките од претходните години, сметаме дека тие не се спроведени правилно и правично.“

Најнови вести