Предизборната кампања за предвремените парламентарни избори на 15 јули е на средина, а партиите ја вжештуваат дебатата за економијата, правната држава и корупцијата.
Партиите своите изборни програми и денеска ќе ги претстават на средби со граѓаните, во помал формат согласно здравствените протоколи.
СДСМ и Коалцијата „Можеме“ денеска се во Крива Паланка и Дебар, а ВМРО-ДПМНЕ и коалцијата за „Обнова на Македонија“ ќе бидат во посета на Петровец, Илинден, Центар и Кисела Вода.
ДУИ и нивниот кандидат за премиер ќе ја претстават програмата пред граѓаните во Тетово.
Предизборниот караван на политичката платформа Македонски концепт ќе биде во посета на градовите: Македонски Брод, Крушево, Демир Хисар и Ресен, додека Левица ќе биде во Гевгелија, а Единствена Македонија и Коалицијата „Никогаш северна – само Македонија“ во Прилеп.