Собраниската Законодавно-правна комисија денеска ќе ја одржи 129 седница, додека Комисијата за труд и социјална комисија треба да го продолжи 23-то заседание.
На дневен ред на Законодавно-правната комисија се Предлог измените и дополнувањата на Законот за пензиско и инвалидско осигурување, како и два предлози за изменување на Законот за работните односи.
Едниот од предлозите за измени и дополнувања на Законот за работните односи е на дневниот ред и на седницата на Комисијата за труд и социјална комисија.