Предлог законот за амнестија на лицата осомничени, обвинети и осудени за собраниските настани од 27 април 2017 година, по скратена постапка во второ читање е на дневен ред на денешната 66. собраниска седница.
Меѓу другите точки на оваа седница се и Дополнетиот предлог закон за изменување и дополнување на Законот за ветеринарно-медицински препарати во второ читање, Предлог законот за јавните набавки, како и измени и дополнувања на Законот за лековите и медицинските средства, на Законот за здравствената заштита, на Законот за ученичкиот стандард и на Законот за возила, сите во прво читање.
По завршувањето на 66. седница закажано е продолжението на 65. седница на чиј дневен ред е Предлог законот за отпишување на камати за наплата на долгови кои произлегуваат од услуги од вршители на комунални дејности, телефонија, мобилни и кабелски оператори, радиодифузна такса, одржување на заеднички простории, наводнување и одводнување на земјоделско земјиште, по скратена постапка.
На оваа седница се и измените и дополнувањата на Законот за државната статистика, на Законот за аудиовизуелните добра, на Законот за Академијата за наставници, на Законот за наставници во основните и средните училишта, на Законот за пензиското и инвалидското осигурување, на Законот за нотаријатот и на Законот за извршување.
МИА