Насер Ајдари, државен правобранител на седнцата на денешната собраниска Комисија за прашања на изборите и именувањата се очекува да биде предложен за нов уставен судија.
Во Уставниот суд е испразнето само местото на Исмаил Дарлишта, по изборот на Дарко Костадиновски Осман Кадруи во јануари годинава.
На седницата се очекува Ангел Солев, поранешен судија и Ангеле Илиевски, адвокат, да бидат предложени за нови членови на Советот за јавни обвинители.
Комисијата треба да разреши и да избере и нови членови Советот за научно-културните средби „Десет дена Крушевска Република”, на Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев Јасмин “ и на Одборот за доделување на државната награда „Мајка Тереза“, како и членови на собраниски комисии.
Во Собранието денеска седници ќе одржат и комисиите за одбрана и безбедност, за земјоделство, шумарство и водостопанство и Законодовано-правната комисија.
Комисијата за одбрана и безбедност на дневен ред се измените и дополнувањата на Законот за производство и промет на вооружување и воена опрема, на Законот за класифицирани информации, на Законот за полиција, на Законот за гранична контрола, на Законот за заштита и спасување и на Законот за управување со кризи, сите во прво читање и на предлог на пратениците од владејачкото мнозинство.
Членовите на Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе расправаат за изменување на законите за безбедност на храната, на Законот за основање на Агенција за поттикнување на развојот на земјоделството, за изменување и дополнување на Закон за основање на Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на Закон за здравјето на растенијата, на Закон за шумарска и ловна инспекција, на Закон за Државниот инспекторат за земјоделство, на Законот за земјоделство и рурален развој и на Законот за виното, сите во прво читање на предлог на владејачкото мнозинство.
Седница ќе одржи и Законодавно-правната комисија.