среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

ПРЕКИНАТ ПОГРЕБОТ НА ДЕВОЈКАТА КОЈА ПОЧИНА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА – телото било донесено во црква, па им го земале!

ПРЕКИНАТ ПОГРЕБОТ НА ДЕВОЈКАТА КОЈА ПОЧИНА ВО ТЕТОВСКАТА БОЛНИЦА – телото било донесено во црква, па им го земале!

Институтот за судска медицинa ја заврши обдукцијата на 15 тела донесени по пожарот во ковид центарот во Тетово и ги идентификува жртвите.

Со помош на ДНК анализи идентификувани се телата на 14-мина коишто настрадаа во пожарот.

Директорот на Институтот Aлександар Станков информира дека е извршена обдукција и на помлада пациентка, чие што тело дополнително е донесено во Институтот за судска медицина. Таа починала пред избувнување на пожарот во ковид центарот во Тетово.

Телевизија Телма објави дека станува збор за девојка од 20 години, со церебрална парализа, која во моментот на избувнување на пожарот докторите ја реанимирале, но кога се појавил пожарот, нејзината реанимација е прекината, и заедно со мајка ѝ и медицинскиот персонал е веднаш извлечена надвор, без повреди или изгореници од пожарот.

Девојката, која веќе била почината, е однесена дома, но обвинителството дополнително ја додава во овој кривично-правен настан и бара нејзина обдукција, поради што е земена од семејството кое го подготвувало нејзиниот погреб.

Идентификацијата на телата е извршена со помош на роднините на починатите, МВР и Одделот за потраги.

Се очекува денеска телата на жртвите да им бидат предадени на семејствата.

Во пожарот во ковид центарот во Тетово сега веќе се 15 жртви. Во моментот на несреќата во просториите имало вкупно 26 лица.

Истрагата сѐ уште трае, а обвинителката за борба против организиран криминал и корупција Вилма Русковска ја побара целокупната документација од изградбата на модуларните болници.

Најнови вести