Премиерот Ковачевски кој вчера објави скапо видео од пречекот на коледарчиња во неговиот дом направил еден од двата можни ,,фаули” за време на вчерашната пропаганда кога објави материјал на кој се гледаат деца.
Според македонските закони но и етичките правила Ковачевски морал да обезбеди согласнот од родителите за да ги објави ликовите на децата кои се појавуваат во скапиот спот за кој се користени најмалку две камери или децата се враќани два или повеќе пати за да се сними спотот.
Ако не добил потпис од родителите за да ги објави коледарчињата Ковачевски може да биде тужен.
Ако пак добил согласнот од родителите тогаш премиерот и неговиот тим за пропаганда признаваат дека пречекот на коледарчињата не бил воопшто спонтан во духот на христијанската традиција туку дека се работи за местен ПР настан кој на Ковачевски требало да му донесе политички поени.
Утрово убавата коледарска песна ни донесе радост во домот. Среќен Бадник! Најрадосниот христијански празник да го дочекате во радување, сплотени, со желба оваа година да бидеме сите ние подобри и поуспешни и да придонесуваме заеднички за напредок на земјата. pic.twitter.com/zAiNSxXQRS
— Dimitar Kovachevski (@DKovachevski) January 6, 2023
На пречекот на коледарчињата Ковачевски на денот кога семејствата треба да бидат дома заедно се појави сам иако пред една недела во божиќната честитка се сликаше со своето семејство.
Повеќе на оваа тема прочитајте на Експрес.мк