вторник, 14. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Премиерот Ковачевски ја пречека претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен со највисоки државни и воени почести

Премиерот Ковачевски ја пречека претседателката на Европската Комисија Фон дер Лајен со највисоки државни и воени почести

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, денеска ја пречека претседателката на Европската Комисија, Урсула фон дер Лајен, која во придружба на делегација на Европската Комисија, престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Премиерот Ковачевски и претседателката на Европската Комисија, Фон дер Лајен, ќе одржат тет-а-тет средба, по што ќе следува билатерален состанок на двете делегации.

Теми на разговор ќе бидат процесот на евроинтеграции на државата, скрининг процесот и реформите во државата како и преставување на Планот за раст на земјите од Западен Балкан и останатите отворени прашања на Западен Балкан и состојбите во регионот.

По завршувањето на билатералниот состанок на делегациите, предвидено е премиерот Ковачевски и претседателката Фон дер Лајен, да одржат заедничка прес-конференција.

Најнови вести