понеделник, 27. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: Ковачевски и неговиот тим да направат избори внатре во СДСМ ќе изгубат, а не пак да излезат на парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од граѓаните

Пренџов: Ковачевски и неговиот тим да направат избори внатре во СДСМ ќе изгубат, а не пак да излезат на парламентарни избори, ВМРО-ДПМНЕ ја има поддршката од граѓаните

„Околу 80% од членството на СДСМ не излегува на теренските активности на партијата и не сака да ги гледа нивните функционери. Револтот пред се од нивното членство кон нив е голем“, истакна Љупчо Пренџов, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата при гостување во утринска емисија на радио„Лидер“.

„Од друга страна ние сме континуирано во контакт со граѓаните и тоа не би го нарекол кампања туку тоа би го нарекол едно општење помеѓу претставниците на опозицијата во институцијата Собрание или онаму каде што имаме прилика да управуваме со институциите. Разговараме со граѓаните за нивните потреби бидејќи она кое што го гледаме моментално во Владата е што имате луѓе кои што се одлепени од реалноста и од потребите и на граѓаните и на сопственото членство“, појасни пратеникот.

Тој додаде дека ВМРО-ДПМНЕ е секогаш подготвена за избори кога и да се случат, но очигледно власта не е подготвена бидејќи знае дека ќе изгуби.

„Јас сакам да споделам еден факт кој што е општо познат, на пример во 90-тите години кога тогашното ВМРО-ДПМНЕ барало предвремени избори, а тогашниот СДСМ не ги дозволувал, овие почнале да собираат потписи за референдум за предвремени избори и тогаш во меѓувреме СДСМ го имаат сменето законот за референдум каде што вие може да барате референдум за се освен за предвремени парламентарни избори“, потсети Пренџов.

Пратеникот рече дека граѓаните се премногу незадоволни од власта на СДСМ и ДУИ и едвај чекаат избори за да ги казнат. „Ковачевски и неговиот тим да отидат да си направат избори внатре во СДСМ ќе изгубат, а не пак да излезат пред граѓаните“, нагласи тој.

Пренџов укажа дека граѓаните се чувствуваат изневерено од политиките на СДСМ и ДУИ. Крајот на оваа власт е се поочигледен.

Најнови вести