Претеникот Љупчо Пренџов на својата официјална Фејсбук страница ја објави неговата изјава заверена на нотар дека никогаш нема да гласа за промени во македонскиот Устав.
– Јас Љупчо Пренџов никогаш нема да гласам за да се промени македонскиот Устав ниту ќе поддржам било каква иницијатива, предлог или заклучок кој ќе ја доведе Република Македонија во положба на потчинетост или зависност спрема некоја друга држава. Оваа моја изјава е цврст доказ и истата е неотповиклива. ДА ЖИВЕЕ РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА, пишува тој во својата објава.