сабота, 2. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пренџов: Ниту еден пратеник од нашата пратеничка група нема да ги поддржи под ултиматум бугарските уцени

Пренџов: Ниту еден пратеник од нашата пратеничка група нема да ги поддржи под ултиматум бугарските уцени

СДСМ во последните 6 години трудејќи се да станат најдобрите комшии на соседите, тие станаа најголемите непријатели и крвници на македонскиот народ, вели пратеникот Љупчо Пренџов од коалицијата „За обнова на Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во вечерашното гостување во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 Телевизија.

„Овој договор со Бугарија бил преговаран неколку Влади претходно повеќе од 10 години, но Зоран Заев дојде и за 20 денови го потпиша на Илинден заедно со Бојко Борисов. Во тој период ние предупредувавме дека овој проблем ќе ни ги затвори вратите кон интеграциите“, рече Пренџов.

Пренџов додаде дека сега ние нема да имаме референдум како оној што беше консултативен кадешто што и да кажеа граѓаните тој беше договорен што ќе се случува со Преспа. Сега имаме задолжителен референдум од коишто нема бегање. Пренџов посочи дека целата пратеничка група од коалицијата се проевропски настроени.

„Целата пратеничка група на коалицијата од ВМРО-ДПМНЕ сме проевропски настроени и нема никаква дилема тука.но колку од пратениците од СДСМ се промакедонски настроени? Тоа е првата компомента од одговорот, колку кај нив има промакедонски пратеници настроени. Втората компомента е дека од нашата пратеничка група ниту еден пратеник нема да ги поддржи под ултиматум бугарските уцени“, дециден е Пренџов.

Најнови вести