петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Пресе“: Посебна унија за земјите од западен Балкан

„Пресе“: Посебна унија за земјите од западен Балкан

Во виенскиот дневен весник „Пресе“, излезе текст во кој се наведува дека Европската унија би можело да го стопира процесот на проширување за земјите од западен Балкан со проценка дека мнозинството граѓани од Блокот не се заинтересирани за прием на многу сиромашните и институционално преоптоварени членки.

„Сега се дава можност за драстична политичка одлука и ЕУ може, по изборите за Европскиот Парламент, со новото раководство, да повлече рачна, бидејќи мнозинството граѓани не се заинтересирани за прием на многу сиромашните и институционално преоптоварени членки. Таквата грешка, подвлекува „Пресе”, би била историска грешка.

Под насловот: „ЕУ и западниот Балкан: Време е за стоп и за потполно нов почеток“, авторот, Оливер Грим, пишува дека при еден таков развој на настаните, алтернатива за земјите од тој дел на Европа би можело да биде формирање Балканска Унија по примерот на ЕУ, кој би почнало да функционира според принципите на Брисел.

„Пресе“ пишува и дел од обврските коишто би требало да ги спроведе регионот:

„Во рок од десет години да ја изградите Западнобалканската Унија по идентичен пример на ЕУ – укинување на границите, заеднички пазар со четири основни слободи, заедничка енергетска политика, заедничката политика во телекомуникациите, сообраќајот, сето тоа заедно со граѓанските права, пишува „Пресе”.

Дури потоа, ќе може, целиот регион да биде поздравен во заедница со ЕУ. На тој начин, додава авторот, би била елиминирана можноста некоја од земјите, да го блокира или уценува пристапот на друга, давајќи како пример блокада од Србија кон Албанија.

Кон крајот на текстот, весникот нагласува дека проектот нема да има за цел повторно обединување на делови од поранешната СФРЈ.

Инаку, ова не е прв текст на весникот во кој се споменува за црвено светло од Унијата кон земјите од западен Балкан. На страниците на „Пресе“ беше објавен и текст во кој пишува дека најверојатно летово Северна Македонија и Албанија нема да добијат датум за почеток на преговорите за членство.

Најнови вести