четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Регион

Демостат: Застојот на патот кон ЕУ ги прави земјите од Западен Балкан ранливи на кинеското влијание

Демостат: Застојот на патот кон ЕУ ги прави земјите од Западен Балкан ранливи на кинеското влијание

Неколку студии на тема „Какво е влијанието на Кина во земјите од Западен Балкан“ покажуваат дека тоа претставува сериозен економски и политички проблем, особено кога станува збор за усогласување на политиките на земјите аспиранти, како на пример Македонија со тие од ЕУ. Белградски Демостат направи на оваа тема анализа на промовираната публикација „Влијанието на Кина врз процесот на пристапување на Западен Балкан во ЕУ: синергии и пречки“, јави дописникот на МИА од Белград.

Ана Крстиновска, една од авторите на оваа публикација, пишува Демостат, смета дека кинеското влијание во земјите од Западен Балкан е најизразено во трговските односи, а во последната деценија најмногу порасна благодарение на воспоставената соработка меѓу Кина и Централна и Источна Европа, но стагнацијата на некои земји од Западен Балкан кон ЕУ и отвори дополнителни можности на Кина да го зголеми своето влијание, без разлика дали се работи за бизнис или некој друг вид влијание.

-Главно гледаме зголемување на влијанието врз економијата преку зголемена трговска размена, но во превод тоа значи голем пораст на увозот од Кина, а кога станува збор за извозот, извозот е во благ пораст, но не е во согласност со нашите очекувања за тоа колку можеме да увезуваме со оглед на големината на пазарот во Кина, вели Крстиновска.

Кинеското влијание во Македонија изразено е преку инвестиции иако Македонија е најмалку атрактивна земја за Кина, забележани се кинески компании кои купиле странски компании кои имаат фабрики или производствени капацитети кај нас, па индиректно тие производствени капацитети во нашите технолошки развиени зони се во сопственост на Кина. Кинеското присуство го гледаме и преку инфраструктурни проекти како што е автопатот Кичево-Охрид. Крстиновска вели дека кинеското влијание не треба да се оценува како лошо, но има и примери на негативно влијание, како што е склучувањето договор за автопатот Кичево-Охрид.

-Се смета само автопатот Кичево-Охрид бидејќи самата постапка за доделување на договорот беше нетранспарентна и иако СДСМ имаше опција да ја прекине, продолжи со дополнителни анекси во износ од 200 милиони евра и гледаме дека проектот не е дури ни блиску до завршување. Затоа, тоа е пример кој реално ги отсликува негативните аспекти поврзани со кинеското присуство во нашата земја, освен тоа, немаме големи инфраструктурни проекти или инвестиции со негативно влијание, за разлика од Србија, рече Крстиновска.

Дали тоа влијание ќе се одрази на нашиот процес кон ЕУ, таа рече дека тоа зависи само од нас и спроведувањето на реформите кои меѓу другото вклучуваат и ограничување на просторот за надворешно влијание.

-Она што е важно на патот кон ЕУ е како ќе се позиционираме и колку сакаме да ги спроведеме реформите. Кинеското присуство во земјава може да биде позитивно ако го користиме како позитивно, а може да биде негативно ако дозволиме склучување договори за јавни набавки кои не се во согласност со нашето законодавство или со европските регулативи. Спроведуваме реформи за членство и некои од овие реформи ќе придонесат за ограничување на просторот за бизнис на кинеските компании или за склучување некои зделки зад затворени врати, како што беше често случај во изминатите години, но самата Кина или кинеското присуство не можат да бидат главната пречка, рече Крстиновска.

Економските односи со другите земји не се лоши, но фокусот треба да биде на европските цели.

Директорот на канцеларијата на Фондацијата Конрад Аденауер во Скопје, Даниел Браун, истакна дека иако трговските и економските односи со другите земји никогаш не се лоши, тој рече дека е многу е важно да се фокусираме на целите на ЕУ, кои се разликуваат од оние на Кина.

-Кина и ЕУ имаат различни цели, тоа не значи дека не смееме да користиме кинеска технологија, но ако имаме безбедносни несигурности, тогаш можеби треба да се запрашаме дали ќе го користиме тоа. Не треба да ги прекинуваме сите односи со Кина, туку треба да разбереме дека зборуваме за две страни со различни цели, никој не вели дека не треба да учиме кинески, туку дека треба да бидеме свесни што може да произлезе од нашите постапки. Верувам дека луѓето во регионот добиваат позитивни поени од Русија и Кина како резултат на разочарувањето во ЕУ, поради процесот на пристапување во ЕУ. Затоа, дури и да не сме сигурни дали наскоро ќе се приклучат земјите од регионот, треба да работиме на зајакнување на врските, давајќи им повеќе придобивки што ги имаат земјите од ЕУ за земјите од Западен Балкан, смета Браун..

Кога станува збор за кинеските инвестиции, Србија е дефинитивно најатрактивна земја, а голема улога игра блискоста на двајцата лидери од овие земји. Тоа го докажа потпишувањето на договорот за слободна трговија со кој двете земји ќе можат да извезуваат и увезуваат суровини без царински трошоци или со значително пониски царини. Покрај овој договор, двете земји потпишаа и меморандум за размена и соработка во областа на политиката за економски развој, меморандум за заедничко унапредување на индустриската и инвестициската соработка и среднорочен акциски план за иницијативата „Појас и пат“. Србија е земја која преговара за членство во ЕУ, но во исто време ги зајакнува односите со Кина со која соработува на полето на инфраструктурата и одбраната. Претставниците на двете земји со години ги опишуваат нивните меѓусебни односи како „искрено пријателство“.

Заклучоците од промоцијата на публикацијата „Влијанието на Кина врз процесот на пристапување во ЕУ на Западен Балкан: синергии и пречки“ имаа за цел да поттикнат дискусија за сферите во кои е застапено кинеското влијание и какви би можеле да бидат последиците во иднина.

-За нас е важно да придонесеме за отворањето на форумот, на дебата за влијанието на Кина, нејзиното присуство во регионот и да го утврдиме нејзиното позитивно и негативно влијание во регионот, како и во колку сфери работи и како многу влијае на поткопувањето на авторитетот на ЕУ во регионот и на тоа како влијанието на Кина може да биде штетно за евроатлантскиот процес на кој се посветени сите земји во регионот, и како ние и земјите од ЕУ можеме да дејствуваме за да го потиснеме или адекватно одговориме на неговото влијание, објаснува Катерина Јакимовска од Центарот за европски студии Вилфрид Мартенс од Брисел.

Општите заклучоци на панелот се дека, што се однесува до руските и другите неевропски актери, доколку продолжи стагнацијата во евроинтеграциите, логично е да се очекува зголемено присуство на други неевропски актери во земјите на Западен Балкан, пишува Демостат.