среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претежно облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд

Претежно облачно, кон крајот на денот врнежи од дожд

Времето денеска ќе биде претежно облачно, со сончеви периоди во источните делови. Кон крајот на денот и во текот на ноќта почнувајќи од запад ќе има врнежи од дожд.

Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од јужен и југоисточен правец. Максималната температура ќе биде во интервал од 15 до 21 степен.

Во Скопје претежно облачно, а во текот на ноќта со повремен дожд. Ќе дува умерен ветер од јужен правец. Максималната температура ќе достигне до 19 степени.

Во среда и четврток ќе биде променливо облачно и нестабилно со повремен пороен дожд, на места поинтензивен и проследен со грмежи и засилување на ветерот. Дневната температура ќе се намали. Од петок се очекува посончево и потопло време, со услови за локален краткотраен дожд во попладневните часови.  (МИА)

Најнови вести