понеделник, 11. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претпладне сончево време со мала облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Претпладне сончево време со мала облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд

Времето утре претпладне ќе биде сончево со мала до умерена облачност, а попладне на места нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 14 до 21 степен.

Во Скопје претпладне сончево со мала до умерена облачност, а попладне со краткотраен пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 5, а максималната ќе достигне до 20 степени.

Како што соопшти УХМР, од утре па се до средината на следната седмица во попладневните часови времето ќе биде променливо облачно и нестабилно, на повеќе места со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со засилен ветер. Постабилно ќе биде само во недела, кога ќе има услови за краткотраен локален дожд и ретки грмежи.

Најнови вести