четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот на ДИК, Даштевски на средба со неговиот колега Целибиши од Албанија

Претседателот на ДИК, Даштевски на средба со неговиот колега Целибиши од Албанија

Делегација на Државната изборна комисија на Република Македонија, предводена од претседателот Александар Даштевски, а во која се и Кренар Лога, Оливер Ристовски и Бобан Стојановски, престојува во Тирана.

На средбата со претседателот на Централната изборна комисија на Република Албанија Илирјан Целибаши и неговите соработници, разменети се искуства помеѓу двете институции и конкретизација на оваа соработка во иднина.

-Имајќи предвид дека Република Македонија се соочува со предизвик за електронска идентификација на гласачите, интересот на делегацијата на ДИК беше насочен кон имплементација на овој проект од страна на ЦИК на Албанија, сто во соопштението на ЦИК.

Се додава дека Целибаши ги запознал со законските регулативи поврзани со изборната технологија, процедурите и чекорите што ги следи ЦИК за спроведување на електронскиот систем за идентификација на гласачите.

Тој при тоа извршил демонстрација на електронски уред за идентификација.

Од име на ДИК, Даштевски изразил интерес за набљудување на парламентарните избори што треба да се одржат на 25 април идниот месец. (МИА)

Најнови вести