Претседателот Стево Пендаровски, прими делегација од Државниот универзитет „18 Март“, во Чанаккале, Република Туркије, предводена од ректорот Седат Мурат.
-На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за соработката која Универзитетот во Чанаккале ја остварува со институциите во Северна Македонија, како и за идеите и можностите за размена на искуства во контекст на образовните политики, проширување на соработката во полето на културата, младите и спортот преку заеднички активности и проекти, информираат од Кабинетот на претседателот.
Шефот на државата Пендаровски посочил дека Северна Македонија има воспоставено одлична соработка со Република Туркије во областа на образованието и културата, и изразил поддршка на сите позитивни иницијативи кои придонесуваат за продлабочување и зацврстување на билатералните односи и пријателските врски меѓу двата народа.