среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Претседателот Пендаровски упати честитка до македонската параолимпијка која освои златен медал на ЕП

Претседателот Пендаровски упати честитка до македонската параолимпијка која освои златен медал на ЕП

Претседателот Стево Пендаровски упати честитка до македонската параолимпијка Оливера Наковска-Бикова, која на Европското првенство во норвешкиот град Хамар, го освои златниот медал во дисциплината 10 метри воздушен пиштол.

Претседателот на својот фејсбук профил истакна дека македонската параолимпијка претставува инспирација за идните спортисти.

-Златниот медал на Европското првенство во Норвешка на нашата најуспешна параолимпијка е огромен успех и инспирација за младите луѓе и идни спортисти во нашата татковина, стои во објавата.

Најнови вести