Во текот на вчерашниот ден членот на Извршниот комитет, Цветан Трипуновски беше во посета на населените места во струмичко.
Граѓаните од овој регион се пожалија на катастрофалните политики во земјоделието од оваа ненародна власт предводена од Заев.
Поради ниските откупни цени во земјоделството, граѓаните потенцираат дека земјдолество почнува да исчезнува како дејност.
Лошата политики во земјоделството ја чувствуваат и граѓаните во населените места Росоман, Манастирец и Сирково.
Тие се пожалија на ниската цена на праската и истакнаа дека оваа власта не прави ништо за да се реши проблемот со ниските цени на земјоделските прозиводи.
Средба со граѓаните имаше и во населените места во тетовско.
Граѓаните се пожалија дека оваа влада нема ништо реализарно од она што беше ветено во предизборието.