Денеска, генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев, заедно со Иванка Василевска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и Гоце Димовски остварија средба со претседателот на Асоцијацијата на проект менаџери, Александар Наумовски.
На средбата беше дискутирано за барања кои ги има оваа асоцијација, а се со цел поуспешно да функционира и да придонесе за доброто на сите граѓани во Република Македонија.
-Едно од барањата се однесува во однос на самата администрација. Од асоцијацијата сметаат дека треба да се најде модел за навремена, квалитетна и поефикасна реализација на капиталните инвестиции. Од асоцијацијата побараа да се најде начин за олеснување на административните процедури. На средбата беше истакнато дека во наредните 4 години треба да се обрне посебно внимание на обновливите извори на енергија. Исто така беше посочено да се обрне внимание и на здравствениот туризам, односно специфичните здравствени услуги како пример пластична хирургија или стоматолошки услуги кои може да привлечат дополнителен број на посети, информираат од партијата.
Беше дискутирано и во насока на развој на гастрономскиот туризам, но и потребата да се најде модел за субвенционирање во занаетчиството, бидејќи во моментот државата се соочува со недостаток на занаетчии кои се иселуваат под притисок на сиромаштијата.
-ВМРО-ДПМНЕ секогаш е тука да ги слушне барањата на граѓаните кои се насочени кон подобар живот во државата. Како партија која се залага за народот, ВМРО-ДПМНЕ ќе се залага овие барања бидат реализирани и спроведени во секојдневието. Сето ова ќе се случи по 12 Април, кога ВМРО-ДПМНЕ ќе ја формира новата влада, посочуваат од партијата.