Вечерва тим предводен од ВМРО-ДПМНЕ беше во посета на Демир Хисар.
Најпрво го посетија населеното место Жван. Граѓаните од ова населено место се изјаснија дека се целосно се разочарани од власта. Имено тие се пожалија дека оваа власт нема ништо направено за нивното населено место.
Потоа тие го посетија населеното место Слепче. Од овде граѓаните порачаа дека живеат сиромашно и дека трошоците за живот секојдневно растат.
Имено, тие остварија посета и во населеното место Кутретино.
И од овдека граѓаните се изјаснија дека лошата економска положба има влијание како на државно ниво така и на локално ниво.
Тие посочија дека нема нови инвестиции, нема отварање на нови работни места, а сето тоа допринесува се поголем број на граѓани да го напуштаа местото на живеење.