Студија за проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита на деца од насилство ќе биде промовирана денеска во Скопје.
Целта на студијата е подобро да се разбере обемот на проблемот со насилство врз децата, да се утврдат системските пропусти на ниво на создавање политики и програми и нивно спроведување и да се дадат препораки кои ќе помогнат за долгорочно планирање за превенција и заштита на децата од насилство.
На промоцијата, како што е најавено, воведни обраќања треба да имаат министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, министерот за здравство Венко Филипче, министерката за образование и наука Рената Дескоска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, раководителот на секторот за соработка при Делегацијата на Европската унија Никола Бертолини и претставникот на УНИЦЕФ Бенџамин Перкс.
Студијата ја спроведе Националната мрежа против насилство врз жените и семејно насилство, во партнерство со Канцеларијата на УНИЦЕФ ја спроведе студијата за идентификување и проценка на институционалните механизми за превенција, идентификување, пријавување, упатување и заштита во случаи на насилство врз деца.
Спроведувањето на студијата беше финансиски поддржано од Европската Унија, а кофинансирано од УНИЦЕФ, во рамките на регионалниот проект за заштита на децата од насилство и инклузија на децата со попреченост. (МИА)