Од домашна пита со праз се затру цело семејство во Скопје, при што почина една 47-годишна жена.
Нејзиниот сопруг и бабата која ја правела питата се во кома, а јавноста е во шок и страв.
Со објаснување се огласи доктор Нико Беќаровски. Тој вели дека причината за труењето не е ниту празот ниту брашното.
„За да не се шири непотребен страв кај населението, причината за фамилијарното труењето и за жал еден изгубен живот со пестицидот Метомил (карбамат), не е ниту „прсканиот праз” ниту брашното во питата. Инаку доволна е една лажичка концентриран прашок од овој пестицид да предизвика смрт на возрасен човек. Повеќе информации барајте од МВР. Најдлабоко сочувство до фамилијата на починатата“, напиша Беќаровски.