вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прилепчанец возел возило по Широк Сокак во Битола – казната веднаш си ја доби

Прилепчанец возел возило по Широк Сокак во Битола – казната веднаш си ја доби

 СВР-Битола информира дека вчера во 11:45 часот во просториите на Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај Прилеп бил повикан Н.А.(40) од Прилеп.

На пријавениот му бил издаден прекршечен платен налог затоа што на улица „Широк сокак“ во Битола со патничко возило поминал на површина наменета за движење на пешаци.

Како што е познато, главната битолска улица „Широк Сокак“ е строго забранета зона за моторни возила и велосипеди. 

Најнови вести