вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Прилепските пензионери ги продолжуваат протестните собири за линеарно зголемување на пензиите

Прилепските пензионери ги продолжуваат протестните собири за линеарно зголемување на пензиите

Прилепските пензионери ги продолжуваат протестните собирања во центарот на градот пред Здружението на пензионерите. Тие не отстапуваат од барањето за линеарно, а не процентуално зголемување на пензиите кое ќе значи достоинственост, особено за сите со ниски примања.

– Ние остануваме на нашето барање за линеарно зголемување на пензиите од по 3 500 денари. Велат дека не било можно, ама имаше линеарно за време на здравствената и економска криза од по 1000 денари. Немаме против никого, ама не може да се живее на недостоинствен и сиромашен начин, вели Верче Јанческа, пензионерка.

Пензионерите се револтирани од тоа што немаат поддршка од раководството на прилепското здружение на пензионерите и бараат смена на раководството во кое се сомневаат и за нивните уплати во време на пандемијата.

Пензионерите денеска собираа и потписи и со барањето за линеарно зголемување на пензиите ќе го достават до претседателството на Здружението на пензионери на Македонија, до Владата и министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска.

Најнови вести