петок, 22. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Пристигнаа 20.000 вакцини „Спутник V“, донација од Србија

Пристигнаа 20.000 вакцини „Спутник V“, донација од Србија

Пристигна втората донација од Србија, акт на огромно пријателство кое доаѓа во многу значајно време за нас.Се работи за два пати по 20 000 вакцини од „Спутник В“ кои ги добиваме од пријателска Србија во период кој е многу важен за да продолжи континуитетот на масовната вакцинација во земјата, истакна денеска премиерот Зоран Заев по повод пристигнувањето на нова пратка на вакцини пред Институтот за трансфузиона медицина, кој е во составот на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје.

Република Србија, посочи премиерот, помогна со првите 8 000 вакцини од „Фајзер“ за да можеме да ги вакцинираме нашите херои, тоа се здравствените работници, лекарите и медицинските сестри кои работат во ковид центрите.

-Сега кога почна масовната вакцинација во нашата земја со 24 000 вакцини од „Астра Зенека“ од Ковакс системот, која почна вчера, за да може да не прекине динамиката и континуитетот на вакцинирање овие два пати по 20 000 вакцини се навистина драгоцени за да можеме додека стигнат нашите количини кои се нарачани од Ковакс механизмот од ЕУ, директните договори со Кина, со Руската федерација за вакцините „Спутник“, од „Фајзер“ кои ги имаме договорено, да го продолжиме процесот на вакцинација во континуитет. Овие 20 000 кои се само првата квота, а после следува и втората, рече Заев.

Потенцира дека согласно информациите од Комисијата за заразни болести и министерот за здравство Венко Филипче, освен во сите здравствени домови во државата кои почнаа со масовната вакцинација, подготвена е и салата „Борис Трајковски“, а се подготвуваат и други објекти со цел без прекин таа да се одвива.

Најнови вести