Министерството за внатрешни работи го привелa Васе Доневски, поранешниот директор на Службата за општи и заеднички работи на Владата на Република Македонија, пишува Република.
Во јуни, минатата година Владата на Република Македонија уште на почетокот го разреши Доневски и за нов директор на СОЗР го назначи Пеце Мирчески од СДСМ.
Аналитичарите сметаат дека приведување на поранешниот директор на СОЗР, Доневски е обид за дефокусирање на јавноста од донесувањето на Законот за јазици со кој според многумина се разградува државата и е само почеток во федерализацијата на земјата.
Причините за приведувањето не се познати, но се очекува и во наредните неколку дена да има слични „спектакли“ се со цел одвлекување на вниманието на јавноста.