Универзитетскиот професорот Трајко Славевски во емисијата „Топ Тема“ детално го коментираше економскиот план на ВМРО-ДПМНЕ за Република Македонија кој пред само неколку дена го промовираше претседателот на партијата, Христијан Мицкоски.
Тој истакна дека станува збор за нов модел за раст и за разлика од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ веќе излезе со конкретни мерки и чекори за програмата која следи.
-Ако внимателно го следевте пресот на претседателот Мицкоски во неделата, имаше токму со тие зборови нов модел за раст и дадени беа контурите во неколку реченици. Ние бевме за разлика од главните политички ривали, првите кои што излегуваме со конкретни мерки и чекори за програмата што следи, вели професорот.
Славевски посочи дека досегашниот модел на раст на македонската економија веќе е исцрпен.
-Ако ги следевте досегашните мои јавни настапи, јас велам дека досегашниот модел на раст на македонската економија, дури и на привлекување на странски директни инвестиции е исцрпен. додаде Славевски
Според професорот, Мицкоски говори за нов развоен модел кој ќе биде базиран на модерна индустријализација.
-Mицкоски говори за нов развоен модел кој што ќе се базира на модерна индустријализација и зголемување на извозната конкурентноста на македонската економија. Значи модерна индустријализација, односно реиндустријализација на македонската економија, заврши тој.