понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Промена на Уставот со цел промена на уставното име е промена на идентитетот- Оние кои сега го одобруваат договорот на Заев го губат нивниот интегритет во замена на некаков личен интерес“

„Промена на Уставот со цел промена на уставното име е промена на идентитетот- Оние кои сега го одобруваат договорот на Заев го губат нивниот интегритет во замена на некаков личен интерес“

Имаме потпишан договор со Грција од министер кој што не се знае во име на кого го потпишува, еве да тргнеме од таму, бидејќи никаде во договорот не пишува на која држава е тој министер, на втората страна е од договорот, дури и со бројка. Со овој договор престануваат да важат сите претходно стекнати права кои ние сме ги имале и кои се дел од Резолуцијата на ОН, на Времената спогодба, така што уште во преамбулата е тоа дефинирано дека со потпишувањето на овој договор завршува целата таа приказна што била во минатото, од сега како да почнува сето ова.

Ова го истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, во гостувањето во емисијата „Јади Бурек“ на ТВ Сонце.

Според Мицкоски, не е точно дека е зачуван идентитетот.

-Ние сега имаме и ќе имаме, доколку ова се разбира се операционализира, комплетно преименување на сите институции во Македонија. Ние нема веќе да имаме Македонска академија на науките и уметностите, туку ќе имаме, не знам, Академија на науките и уметностите на Северна Македонија. Па видете го вие претседателот на таа институција, кога беше овој процес во период на преговарање, јасно и гласно излезе и кажа дека промена на Уставот а со цел промена на уставното име ќе значи директна промена на идентитетот. За да тој човек потоа, поплука по тоа што го кажал и каже дека епа и не било толку страшно. На тој начин, го губат својот интегритет и како луѓе, но и како врвни експерти и претседатели на институции, потенцираше претседателот на ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести