вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Проштална средба на Џафери со полскиот амбасадор Тицињски

Проштална средба на Џафери со полскиот амбасадор Тицињски

Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска го прими на проштална средба амбасадорот на Република Полска во Република Северна Македонија Војциех Тицињски, соопшти собраниската прес-служба.

Џафери на средбата ја потенцираше улогата на амбасадорот Тицињски во развивањето на односите помеѓу Република Северна Македонија и Република Полска. Тој истакна дека Република Полска традиционално се вбројува меѓу важните надворешно-политички и економски партнери на Република Северна Македонија, укажувајќи и на фактот дека земјава е за континуиран развој на пријателските билатерални односи меѓу двете земји на сите нивоа.

Џафери изрази благодарност за полската поддршка за евроатлантската интеграција на Северна Македонија и за нивниот став дека процесот на проширување нема да биде завршен додека сите земји од Западен Балкан не се приклучат кон ЕУ.

Амбасадорот Тицињски истакна дека во текот на неговиот мандат тој се залагал за „две стратешки цели“ – поддршка на евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија и развој на билатералните односи на највисоко ниво, потенцирајќи дека нивната политика за континуирана поддршка на нашата држава нема да се промени.

Посакувајќи му среќа во неговата понатамошна кариера, Џафери изрази уверување дека Полска ќе продолжи да биде силен поддржувач на нашата земја, стои во соопштението од прес-службата на Собранието.

Најнови вести