ВМРО-ДПМНЕ во четврток во 19 часот го организира новиот протестен марш.
-Црнилата кои надвиснале над државата мора да бидат победени. Република Македонија не заслужува да живее во очај и црнило. Токму затоа ВМРО-ДПМНЕ ги повикува сите незадоволни граѓани од оваа однародена власт на протестен марш во четврток, 20.12.2018 година со почеток од 19 часот од плоштад ВМРО до Владата на Република Македонија, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ