сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Работилница на ОБСЕ и СВР Тетово: Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница

Работилница на ОБСЕ и СВР Тетово: Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница

Во организација на Мисијата на ОБСЕ во Република Македонија и Министерството за внатрешни работи – Сектор за внатрешни работи Тетово денеска (14 март) во Тетово се одржа заедничка работилница на тема „Улогата на жените во раното препознавање на криминалот и создавање на побезбедна заедница“.

На работилницата на која присуствуваа претставнички од тетовски социјални, образовни институции и установи и од локални невладини организации, по воведното излагање на претставникот на ОБСЕ, Алексеј Гавриш, за полициската соработка со локалната заедница се осврна инспекторот по превенција во СВР Тетово, Мернуш Ферати.

Свое излагање на работилницата имаше и професорката на Штуловиот универзитет, Блерта Ахмеди, по што уследи планираната практична работа во групи.

Притоа, и во првиот и во финалниот дел од работилницата посебно беше истакната улогата на жените во полициската соработка со локалната заедница, како исклучително значајна, но и за безбедноста и заштитата на семејството, а за што се презентираа и посебни заклучоци изготвени од секоја од групите.

Најнови вести