сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Работилница за улогата на парламентите во процесот на европска интеграција

Работилница за улогата на парламентите во процесот на европска интеграција

Во Собранието денеска ќе се одржи работилница на тема: „Улогата на парламентите во процесот на европска интеграција“.

Работилницата е во рамките на Проектот за Програмата за парламентарна поддршка (ПСП), финансирана од Швајцарската агенција за развој и соработка (СДЦ), преку Швајцарската амбасада во Република Македонија, а спроведувана од Националниот демократски институт (НДИ), Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ и Центарот за управување со промени.Домаќин на работилницата е Комисијата за европски прашања.

Воведни говори ќе имаат заменик-претседател на Владата на Република Македонија, задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ, претседател на Комисијата за европски прашања Арбер Адеми и вишиот резидентен директор и тим лидер на Програмата за парламентарна поддршка Роберт Скот Хејзлет.

За улогата на Парламентот во преговорите за пристапување во Европската Унија искуството ќе го пренесат претставници на парламентите од Чешка, Хрватска и Црна Гора. За сбранието на Република Македонија и новата методологија на преговарачкиот процес ќе зборува Зоран Нечев од Институт за демократија „Социетас Цивилис“.  (МИА)

Најнови вести