Заменик претседателот на Владата задолжен за борбата против корупцијата и криминалот Љупчо Николовски од СДСМ заедно со портпаролот на СДСМ Костадин Костадинов се дел од избирачкиот список во Софија?
Според фото документите од избирачките списоци во соседна Бугарија се потврдува дека двајцата функционери од власта имаат бугарски пасоши.
Според документите јасно се гледа дека Николовски и Костадинов се дел од граѓаните во Софија кои имаат право на глас врз основа што се државјани на таа земја.
Костадинов инаку е роден во Струмица, додека Николовски во Крива Паланка, а нивните градови се граничат со соседна Бугарија.
ВМРО-ДПМНЕ инаку денеска остро демантираше дека пратениците на партијата имаат бугарски пасоши откако бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов објави списоци на кои наводно се наоѓаат функционери и пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кои поседувале бугарски пасоши.