четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

„Разликата меѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците на СДСМ и ДУИ е очигледна, 1090 проекти за сто дена, наспроти голема нула“

„Разликата меѓу градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ и градоначалниците на СДСМ и ДУИ е очигледна, 1090 проекти за сто дена, наспроти голема нула“

Додека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ даваат Отчет за повеќе од 1090 започнати проекти во првите сто дена, од кои 166 се капитални, Градоначалниците од СДСМ и ДУИ имаат реализирано една голема нула. Тоа е значајната разлика во пристапот и одговорноста кон граѓаните, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Започнати се со проектирање, градба или реконструкција нови 33 градинки и 68 училишта.  Точно 206 улици и патишта се градат или реконструираат со вкупна должина од околу 100 км. Се инвестира во градба на 111 водоводи и канализации, 96 игралишта и паркови. Расчистени се повеќе од 200 диви депонии. Во Охрид во финална фаза е реконструкцијата на плоштадот Крушевска Република. Булеварот Македонски просветители“ е веќе навлезен во втора фаза од реализација, како и катната гаража која е влезена во финална фаза. Во фаза на проектирање е и изградбата на ново училиште кај сегашното ООУ „Григор Прличев“, а се реконструираат фасадите на ОУ „Св. Наум Охридски“ Пештани и СОСУ „Св. Кирил и Методиј“, се наведува во партиското соопштение.

Во Демир Хисар во тек е изградба  на општински пат врска Граиште до манастир Св. Тома. Во исто време се работи на изградба на канализациона мрежа со пред третман на отпадни води за н.м. Белче, реконструкција на општински пат во с. Слоештица, реконструкција на улица во с. Сопотница, реконструкција на улица  Гоце Делчев во Демир Хисар и  доизградба на краци од фекална канализациона мрежа во Демир Хисар.

-Во Вевчани во тек е изградба и реконструкција на 5 локални улици кои ќе се реализираат во 2022 година, а во исто време во тек е изградба на 4 канализациски линии. Во Општина Брвеница исчистени се депониите во Горни Челопек, Долни Челопек, Милетино, Теново и во село во Брвеница, а започнати  се градежните работи за партерно уредување на центарот на Брвеница со детско игралиште, амфитеатар, фонтана, патеки и зелен појас со садници. Во Македонски Брод започната изградба на неколку улици во општината, улици во с. Суводол и Грешница, изградба на улици во с. Црешнево, асфалтирање на улица  „Васко Карангелески,, асфалтирање на улица Поречка како и водоводи, атмосферска и фекална канализација. Во Јегуновце завршена е изградбата на колекторот за фекална канализација од с. Жилче до село Шемшово, во детската градинка  „Јаболчиња“ поставена е топлотна пумпа со систем за греење, а ќе се започне со изградба на нов резервоар за вода и замена на постоечката мрежа во с. Прељубиште, истакнуваат од партијата.

Најнови вести