среда, 27. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Разрешена турската амбасадорка во Македонија

Разрешена турската амбасадорка во Македонија

Кабинетот на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган објави претседателски декрет со денешен датум, со кој од должноста се разрешуваат амбасадорите на Турција во 15 земји, меѓу кои и во Македонија, објави „Хуриет Дејли Њуз“.

Според декретот, сите разрешени амбасадори, меѓу кои и амбасадорката во земјава Тулин Еркал Кара, ќе бидат прераспоредени на должности во турското Министерство за надворешни работи, а на нивните места ќе бидат именувани нови дипломатски претставници.

Весникот наведува дека покрај амбасадорката во земјава, сменети се и амбасадорите на Турција во Алжир, Бангладеш, Белорусија, Виетнам, Гамбија, Гватемала, Доминиканската Република, Естонија, Јордан, Казахстан, Туркменистан, Чад, Чиле и Шри Ланка.

Најнови вести