понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: И додека на Заев, Анѓушев и Рашковски им оди добро, бизнисите и граѓаните тонат

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ до СДСМ: И додека на Заев, Анѓушев и Рашковски им оди добро, бизнисите и граѓаните тонат

Хохштаплер е германизам, кој се употребува како синоним за измамник, лажго или некој што се обидува на нечесен и криминален начин да се стекне со финансиска корист, ова денеска преку реакција го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ во врска со соопштението на СДСМ.

-Хохштаплер е зборот кој што најдобро го опишува делувањето на Зоран Заев и бандата околу него овие три години. Хохштаплерот Заев го зголеми имотот на неговите семејни фирми откако е на власт со тоа што неговото семејство го презема струмичкиот конфекциски гигант Герас Цунев, влезе во бизнисот со марихуана, а нивни камиони возат и за потребите на РЕК  Битола. Хохштаплер е Анѓушев кој зема државни тендери во време кога е вицепремиер за економски прашања. Хохштаплеер е Рашковски, кој го слушаме како мести тендер од 7 милиони евра. И додека на Заев, Анѓушев и Рашковски им оди добро, бизнисите и граѓаните тонат, се потенцира во реакцијата.

Од партијата додаваат дека бројот на работници во индустријата е намален за 0.6% во период  јануари-мај 2019 во однос на истиот период лани. Додека само за месец мај оваа година, во однос на мај минатата година бројот е паднат за 2.5%. Реализацијата на капиталните инвестиции е најниска до сега, за 5 месеци реализирани се само 13.7% од годишно предвидените. Заев  и СДСМ неможат да го направат ни она што се обврзале дека ќе го направт со гласањето на Буџетот во Собранието. Откако СДСМ  е на власт долгот константно се зголемува. Јавниот долг за првпат надмина 5 милијарди евра со СДСМ на власт, а тенденција е дека тој ќе се зголемува од сегашните 49% од БДП на 60% од БДП, не за инвестиции или развој, туку за сервисирање на редовните потреби на државата и нејзино преживување. СДСМ  и ја одзема надежта на Македонија. Со СДСМ  Македонија само тоне. Потребно е оваа власт да си замине што побргу.

Најнови вести