недела, 11. февруари 2024. Вести денес: 0
home Вести

Регистрирани 90 прекршители на полицискиот час во изминатото деноноќие

Регистрирани 90 прекршители на полицискиот час во изминатото деноноќие

Во текот на изминатото деноноќие според статистиката на МВР за периодот (9/10.04) по однос на забраната за движење евидентирано е дека на ниво на целата држава 90 лица не ја почитувале забраната за движење, при што приведени се 57 лица, а за останатите се земени податоци и ќе следуваат соодветни мерки.

Исто така според статистичките податоци на 20 лица им се издадени решенија за изолација, а 241 лица потпишале изјави за самоизолација.

Од страна на полициски службеници извршени се контроли кај лица во изолација и самоизолација, не се евидентирани лица кои не ја почитувале мерката.

Најнови вести