Во денешната емисија „Детектор“ кандидатот за претседател на Република Македонија, Блерим Река му се обрати на Стево Пендаровски потсетувајќи го дека во овие 2 години од власт немаат ниту еден голем криминалец затворено.
-Како можеме ние да ги убедиме странските инвеститори ако имаме условни судски одлуки и корупција, со одлуки кои наместо судска одлука за затвор ги пуштаме во домашен притвор и така натаму. Значи во оваа држава може полицаецот за 20 евра да се казни ако зема корупција или мито, но не може тие што земаат милиони со тендери и со јавни набавки не можат да одат во затвор. Која е ве молам некој во затвор за мега корупциски скандал, упати прашање Река до Пендаровски.
На ова прашање Пендаровски беше затечен и не знаеше што да одговори.
Река посочи дека сите криминалци се во условен или домашен притвор.