четврток, 7. март 2024. Вести денес: 0
home Вести

„Рекет“ тапка во место, обвинителството молчи: Јанева доби две недели “бонус“, кому сега му се купува време и кој е недопирлив?

„Рекет“ тапка во место, обвинителството молчи: Јанева доби две недели “бонус“, кому сега му се купува време и кој е недопирлив?

Истрагата за „Рекет“ тапка во место. По притворот за специјалната јавна обвинителка Катица Јанева, другите инволвирани остануваат недопрени.

Јавноста бара одговори, а народот е свесен дека зад криминалното рекетарско здружување не стојат само Боки 13, Зоки Кичеец и Јанева.

Но, обвинителството молчи.

Редакцијата на КУРИР уште во петокот испрати до Основното јавно обвинителство прашања кои се поставувани од македонските граѓани и се од интерес за целата јавност. Но, од таму одговор уште немаме добиено.

-Дали синот на Катица Јанева, Лазар Јанев, кој е спомнуван од страна на поранешни пратеници како замешан во случајот „Рекет„ ќе биде повикан на распит и дали имате сознанија за неговата улога со Бојан Јовановски?

-Зошто сè уште не е покрената истрага за замешаноста на политичарите под псевдоними Кики, Фрики, Шеки, за кои пишуваше  новинарот Героски?

-Дали на распит ќе биде повикан премиерот Зоран Заев, кој е спомнат како лице со кое се менаџира рекетот ?

-Зошто Заев не е повикан до сега, иако има индиции дека бил замешан, според снимките  кои веќе се објавени во јавноста и се спомнува неговото име?

Овие прашања мора да добијат одговор. Еве зошто секое од нив е многу важно.

За Лазар има докази, но синот на Јанева сè уште не е осомничен

Уште едно звучно име се поврзува со „Рекет“. Станува збор за Лазар Јанев, синот на шефицата на СЈО, Катица Јанева. Ова момче, дополнително, беше вработено во телевизијата 1ТВ на Боки 13. Според гласините, тој е директниот прв контакт меѓу прво и третоосомничениот за рекет, односно Бојан и Катица.

Поранешниот пратеник во македонското Собрание, Веле Митаноски, објавува информации кои покажуваат дека во рекетот бил директно инволвиран и синот на Катица Јанева.

Тој обелодени и како се заканувал синот на специјалната јавна обвинителка, со зборовите: „Знаеш ли ти чиј син сум јас“?

Според Митаноски,  синот на Катица Јанева им се заканувал на градоначалниците.

Кога како бомба одекна „Рекет“, веднаш беше спомнато и името Лазар Јанев, синот на обвинителката. Тој изјави дека телефонот на мајка му е загубен, за подоцна во истрагата телефонот да биде најден кај неговата девојка.

Но, официјално, досега, името на синот на Катица Јанева не е вклучено во истрагата. Тој во моментов не е осомничен за „Рекет“ и Вилма Рускоска го нема повикано на распит.

Во моментот кога обелоденуваше дека специјалната јавна обвинителка е осомничена за „Рекет“, Рускоска беше запрашана и за синот.

На прашање дали знае каде се наоѓа синот на Катица, таа одговори дека не знае и дека засега нема доволно докази кои укажуваат дека  и тој е вмешан во било какви криминални дејствија.

„Нема доволно докази“ е изјава која алудира на фактот дека докази има, но не се доволни да биде уапсен. Останува отворено прашањето дали и на Лазар му се дава “бонус“ време, како и на неговата мајка.

Дали тоа значи дека и ова дете е потенцијален обвинет за кој и во моментов се собираат докази? Во моментот кога ја апсеа Јанева, таа во домот беше заедно со нејзиниот син. Таа доби 30 дена притвор и официјално е третоосомничена во „Рекет“. Дали наскоро ќе и се придружи синот, останува да видиме. Информации официјални нема бидејќи обвинителството не одговори на нашето прашање.

Кики, Фрики и Шеки не се само псевдоними

Новинарот Бранко Героски, кој ја обелодени целата оваа мега афера, пишуваше и за вмешаноста на други неколку лица. Ги нарекуваше под псевдоними, но кажа многу повеќе од тоа, ако некој сакаше да чита меѓу редови. Обвинителството не почна истрага по допрен глас многу долг период.

Зад псевдонимите кои станаа познати за јавноста е сигурно дека стојат политичари. Но, кои се Кики, Фрики и Шеки, засега гласно никој не изговори.

Тоа што се знае за “Кики“ е дека, според пишувањата, станува збор за висок функционер на СДСМ. Истотот важи и за “Фрики“, а потоа се појави и псевдонимот „Шеки“.

Зад овие псевдоними стојат имиња и презимиња, за кои јавноста допрва треба да чуе како за осомничени во целиот овој рекетарски скандал.

Зошто сè уште не е покрената истрага за замешаноста на политичарите под псевдоними, обвинителството не одговори на прашањето на КУРИР.

Дали е Заев недопирлив?

-Дали на распит ќе биде повикан премиерот Зоран Заев, кој е спомнат како лице со кое се менаџира рекетот?

-Зошто Заев не е повикан до сега, иако има индиции дека бил замешан, според снимките  кои веќе се објавени во јавноста и се спомнува неговото име?

Овие две прашања поврзани со вмешаноста на премиерот, од обвинителството не беа одговорени.

Катица Јанева, Боки 13 и Зоки Кичеец со сигурност не можеле сами така дрско, јавно и долго да рекетираат. Зад нив, по секоја логика, морало да стои некој поголем играч. Сите досегашни индиции и основани сомнежи говорат дека на оваа рекетарска дружина грбот им го чувале лица од врвот на власта.

Со оглед на фактот колку време рекетирала дружината, станува уште појасно дека истата ќе беше многу порано обелоденета, доколку учество во неа немал врвот на власта, според обвинувањата и сомнежите- лично премиерот Зоран Заев.

Како се отплеткува клопчето, станува јасно дека рекетирањето се одвивало под сенката на една голема пајажина. Тројцата осомничени не се октоподот, туку само неговите краци.

Медиумите од регионот и светот се директни во известувањето за „Рекет“. Јасно ставаат до знаење дека „Се тресе владата на Заев“ и дека „По Јанева, Заев треба да биде подготвен“.

Дали за некого премиерот е недопирлив? По допрен глас дека и самиот тој е вплеткан во мрежата, до сега требаше да биде повикан на распит за „Рекет“. Но, тоа не се случи. Зошто не се случи, одговор нема. По гласините дека Јанева е вмешана, се чекаа цели две недели нешто да се превземе. За тоа време шефицата на СЈО во оставка имаше време да ги направи трите причини поради кои и се одредува притвор- да влијае на сведоци или уништи докази, да избега од државата, да го повтори делото.

Колку време ќе му се даде на Зоран Заев?

Најнови вести